МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Амбасадорот на НР Кина во посета на дневниот центар „Заедно можеме“

Објавено на: 13.07.2022 во 13:06

Гостивар, 13 јули 2022 (МИА) Амбасадорот на Народна Република Кина,

Жанг Зуо денес го посети дневенот центар „Заедно можеме“ во Гостивар и се запозна со користењето на опремата кои неодамна беа набавени со средства на амбасадата.

Амбасадорот Зуо придружуван од шефот на кабинет на претседателот на Собраниеото на РС Македонија, Илир Селмани во центарот имаа и средба со дечињата со посебни потреби и нивните родители и си разменија подароци.

Амбасадорот на НР Кина Жан Зуо напомена до оваа соработка и донација дошло по препорака на претседателот на парламентот Таљат Џафери и изрази надеж дека отсега престојот на децата ќе биде многу поудобен и попродуктивен.

Во име на домаќините од здружението „Заедно можеме“ кое раководи со центарот зборуваше Шпенд Салија кој во обраќањето напомена дека донацијата дошла на вистинското место.

            – Посакувам оваа опрема, нашите ангели д ја користат што подолго. Упатувам најискрени желби за да Бог ги благослови сите луѓе ширум светот кои ги помагаат лицата, особено децата со посебни потреби, рече Салија.

Амбасадорот Зуо и Илир Селмани во ценатарот „Заедно можеме“

Во соработка со Собранието на РСМ, на гостиварското здружение, амбасадата му донираше 520 000, оо денари за опремувањето на сензорната соба, и купување на смарт табла, девет лаптопи, видеопроектор, клима-уред. Купените средства се инсталирани во едукативниот дел од дневниот центар за да придонесат во подобрување на секојдневната работа на дефектолозите кои работат со децата.

згм