МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Ареа со нов сингл го најави шестиот албум

Објавено на: 29.05.2021 во 10:12

Гостивар, 29 мај 2021 Рок составот Ареа на социјалните мрежи ги промовираше новата песна и спот како најава за новиот шести по ред албум.

Вокалот на бендот, Ружица Милошеска Брчиоска пред четири недели ја најави песната на официјалниот инстаграм – профил на бендот, а веднаш по промоцијата таа се обрати до публиката:

– Со радост и задоволство ви го претставувам новиот сингл на Ареа насловен како „Отсекогаш“. Посебно ми е драго што песната е поткрепена со врвното видео на Даниел Јовески кое ја дополни целата приказна на најубав можен начин. Покрај Ареа во видеото се појавуваат Илија Трале Левески и Марија Стојановска во својство на актери, кои извонредно ја изнесоа приказната, стои во објавата на Ружица.

Еден од главните ликови во видео за кое критиката и јавноста коментираат дека е едно од најдобрите изработени кај нас, е охриѓанецот Илија Левески познат во јавноста како активист и јутјубер.

Музиката и аранжманот на новата песна ги направи Ивица Брчиоски, а текстот го напиша Ружица, која е автор и на повеќето песни на бендот.