МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Бејта, Елези, Зендели и Таравари во трка за градоначалник на Гостивар

Објавено на: 12.09.2021 во 01:07

Гостивар, 12 септември По истекот на рокот за поднесување на кандидатури за градоначалник и членови на општинскиот совет, станува извесно дека најмалку четири партии поднеле документи.

Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива го кандидираа Арбен Таравари, Движењето Беса: Фадиљ Зендели, ДПА: Рената Елези, ДУИ: Невзат Бејта.

Според локалната телевизија Глоби, во ОИК Гостивар доставени се и листите со имињата на кандидатите за советници.

Носител на листата на Алијанса и Алтернатива е Ваљбон Лимани, доктор специјалист по ендокринологија. Африм Аручи, специјалист по медицинска биохемија, ќе ја предводи листата на ДУИ. Од ДПА, за носител на листата го предложиле Фејзи Џелили вработен во подрачната единица на ПИОМ.

Движењето БЕСА во Гостивар за носител на листата го назначи Дашмир Арифи, вработен во Центарот за труд и социјална политика.

Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 17 октомври.