МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

ВМРО ДПМНЕ: Гоце Димовски го честиташе празникот 11 Октомври

Објавено на: 11.10.2021 во 14:42

Гостивар, 11 октомври 2021 Гоце Димовски, носителот на листата од коалицијата „Обнова на Македонија“ што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во рамки на предизборната кампања се осврна на придобивките од антифашистичкото востание и упати честитка до граѓаните. Тој ја преводеше делегацијата на ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар, која оддаде почит на обележјето во градскиот парк.

– Денес сите ние сме исправени пред борбата за зачувување на сето она за кое нашите предци ги дале своите животи и да ја обезбедиме иднината на нашите поколенија. Македонскиот народ е непокор и секогаш кога му е најтешко, тој е најсплотен. Честит 11 Октомври и вечна да ни е нашата Македонија, рече Димовски по положувањето на цвеќе на споменикот на жртвите од фашизмот во градскиот парк.

По повод 11-ти Октомври, денот на востанието на Македонија, Димовски оствари средба со раководството на Општинската Организација на Сојузот на Борците на Македонија – Гостивар (ОО СБМ-Гостивар) и членови со кои разговараше за актулените состојби и одблиску се запозна со нивните потреби. Тој напомена дека, лично и како политички субјект секогаш, кога тоа ќе биде потребно ќе бидат поддршка на почитувачи и следбеници на македонската историја.