МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Во гостиварската болница од КОВИД 19 се лекуваат 19 пациенти

Објавено на: 10.03.2021 во 11:01

Гостивар, 10 март 2021   Одделение за односи со јавност на Министерство за здравство ја објави последната ковид-статистика

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 567 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 41 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациент. На  инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 38 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 19, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 34 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 11, Кавадарци 69, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 917 и има околу 290 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.