МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Во Гостивар и Тетово над 2.500 лица се во карантин

Објавено на: 24.08.2021 во 17:55

Гостивар, 24 август 2021 (МИА) Во полошкиот регион има 2.424 лица на кои им е издадено решение за изолација изготвенo од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Според податоците на СВР Тетово станува збор за лица кои имале позитивен тест на „ковид-19“ и тие што имале контакти со заразен. Заклучно со денес такви на тетовското се 1.386 1.038 на гостиварското подрачје.

Од СВР Тетово информираат дека во рамки на нивните надлежности редовно ги спроведуваат контролите со кои е опфатена оваа категорија граѓани. Полициските службеници вчера и денес (23/24 август), провериле 1.162 во Тетово и тетовско и 986 во Гостивар и гостиварско.

Што се однесува до лицата кои во август не ги почитувале решенијата за изолација и при контролите не биле во домовите, до денес (24 август), нивниот вкупен број изнесува 142, информираат од СВР Тетово.

На сите нив ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, што е кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик. Зависно од последиците кои ги предизвикале, покрај парична казна, некои од прекршителите може да се соочат и со затворска казна.

згм