МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Гостиварец со прострелна рана на главата почина во болница

Објавено на: 17.09.2022 во 22:18

Гостивар 17 септември 2022   Едно лице починало на ургентното одделение во општата болница, од повреда нанесена со огнено оружје. Според првичнитие сознанија 28 годишниот Гент А. бил застрелан во главата, вечерва околу 19 часот.

Од полицијата потврдуваат дека околу 19 часот и 40 минути од болницата “Ферид Мурад” е пријавено дека кај нив бил донесено лице со прострелна рана на главата. По укажаната медицинска помош, лекарите не успеале да го реанимираат и Г.А. им подлегнал на задобиените повреди.

Во близина на домот на почнатиот (булеварот Гоце Делчев) има полиција и насобрани луѓе, а од СВР Тетово наведуваат дека во тек е увид што го вршат Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Неофицијално, на местото на увид е пронајден пиштол и обезбедени се видео записи од камерите на локалните објекти.

Засега нема информации дали станува збор за убиство или самоубиство и под кои околности се случил трагичниот настан.