МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Гостиварските полицајци даруваа 25 единици крв

Објавено на: 28.01.2022 во 15:02

Гостивар, 28 јануари 2022 (МИА) По првата крводарителска акција што годинава ја организираше Црвениот крст, во која учествуваа вработените во полициската станица Гостивар собрани се 25 едници крв.

Од Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Гостивар информираа дека акцијата која се одвиваше во ОВР-Полициска станица Гостивар е во соработка со службата за трансфузија од гостиварската болница.

– Чуварите на редот и мирот и сигурноста на граѓаните на Општина Гостивар, уште еднаш ја искажаа својата хуманост дарувајќи дел од оваа драгоцена течност која може и живот да спаси, нагласуваат од Црвен крст Гостивар

Во полициската станица Гостивар годишно се организираат по три акции за крводарување, а годинава оваа е првата во која вработените и полициските службеници се традиционално рекордери по крводарителство.

згм