МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Гостиварски средношколци испратија пораки за мир и толеранција

Објавено на: 21.09.2022 во 14:39

Гостивар, 21 септември 2022 (МИА) Учениците од средното економско и гимназијата маршираа со испишани транспаренти и испратија мировни пораки за одбележување на Меѓународниот ден на мирот.

            Денешниот мировен марш под мотото „Мирот нема цена“ е завршна активност на проектите кои се спроведуваа во Средното општинско училиште Гостивар и Средното економско општинско училиште со учениците и нивните наставници.

            – За да го одбележиме светскиот ден на мирот се подготвуваме неколку денови со работилници на кои направивме повеќе мировни пораки со цел да го привлечеме вниманието на нашите сограѓани и да ставиме акцент на мирот и колку е важен за сите нас,  рече Татјана Карафилоска наставник координатор во СЕОУ Гостивар

            Младите гостиварци со транспарентите покажаа дека гледаат пошироко значење на поимот мир, односно не само за состојба без воени дејствија, туку и за подобрување на вредностите во воспитно образовниот процес со намалување на врсничкото насилство.

            – Гостиварската гимназија веќе десет години во програмата за мировно образование и децата се голема мера сензибилизирани за овие прашања. Овој пат преку работилниците за учениците дојдоа и пораките кои тие сакаат да ги испратат. Ти главно содржат загриженост од војните кои се водат и градење на здрава училишна клима без насилство, рече Валентина Штерјовска од СОУ Гостивар.

            Денешниот марш кој се одвиваше од големиот парк, преку кејот и до градскиот плоштад е дел од соработката преку програмата за мировно образование на училиштата на првата детска амбасада „Меѓаши“ во која се вклучени училишта од повеќе градови.

            – За нас се од исклучителна важност активностите кои се спроведуваат во духот и соработка со младите и ги тангираат нивните потреби. Секогаш нè радува одбележување на денот на мирот кога добива на видливост, со оглед дека сме презаситени од прослави на религиозни и државни празници. Ова се прашања кои треба да нè обединуваат сите и на младите да им се покаже како иднината треба да изгледа, Ана Битољану мировна работничка во „Меѓаши“.

згм