МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Гоце Димовски: Мнозинството во советот има 19 советници

Објавено на: 28.10.2021 во 17:18

Гостивар, 28 октомври 2021  Првиот човек на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, Гоце Димовски кој беше носител на листа објави дека новиот состав на советот на општина Гостивар има сигурно мнозинство. Според неговата објава на ФБ профилот, мнозинството го сочинуваат пет политички субјекти кои освоија мандати.

Димовски во постот „Новото апсолутно мнозинство во Советот на Општина Гостивар кое брои 19 советници од вкупно 31 советник (ВМРО-ДПМНЕ, АА/А, ДПТМ, БЕСА и ДСР)“ објави и фотографија на која се наоѓаат, кандидатот за градоначалник Арбен Таравари и 19 кандидати за советници.

извор: Фејсбук профил на Гоце Димовски

Според последните информаци на ДИК, по првиот круг Алијанса за албанците-Алтернатива имаат 10, ДУИ-9, ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата „Обнова на Македонија“ – 4, СДСМ-3, Демократска партија на турците во Македонија (ДПТМ)- 3 , „Движење Беса“ и Демократскиот сојуз на ромите (ДСР) по еден мандат.