МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Дебата за корупцијата во онлајн медиумите

Објавено на: 26.05.2022 во 17:06

Гостивар, 26 мај 2022    Новинарите кои се сопственици или вработени во онлајн медиумите од Полошкиот регион имаа можност да се запознаат со Презентација на наоди од истражување за перцепција од корупција во онлајн медиумите. Истражувањето беше направена преку интервјуа со 28 испитаници, селектирани по случаен избор, а го спроведе консултантската куќа ДеСо на барање на Советот за етика во медиумите, во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско учество.

На презентацијата беше кажано дека според истражувањето постои висок степен на корупција во онлајн медиумите. Нискиот економски стандард и борбата за опстанок на медиумите се наведуваат како едни од главните причини присуство на корупција во онлајн медиумите.

Во услови на сиромаштија, медиумот е принуден да преживува и поради тоа може да биде поподложен на корупција. Кај новинарите, како причина за пoјава на корупција се ниските примања, но и лошите работни услови; додека кај сопствениците и уредниците е општо недостигот на редовни финасии за медиумот, но и тенденција за поврзување со центрите на моќ.

Учесниците во анкетата навеле дека политичките партии се една од главните причини за корупција во онлајн медиумите, а исто така беше наведено дека и општата нефункционалност на системот спаѓа меѓу главните причини поради кои се јавува корупција во онлајн медиуми.

Една од алатките во борба против корупција во онлајн медиумите е и воспоставениот Регистар на професионални онлајн медиуми, но тука не се влезени сите онлајн медиуми, па токму затоа СЕММ во иднина ќе одлучува по поднесените жалбите од граѓаните кон овие медиуми, но по тие жалби нема да донесува одлуки туку само ќе дава свое мислење.

„Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) донесе став Комисијата за жалби да одлучува постапува и по однос на жалби поднесени од граѓаните, кои не се однесуваат на медиуми – членки на Регистарот на професионални медиуми. За тие кои се членки на Регистарот ќе се носи одлука, додека за останатите ќе се дава мислење. Целта е да се зајакне саморегулацијата и да се одговори на жалбите на граѓаните“, истакна Лилјана Пецова – Илиеска, извршна директорка на СЕММ.

Горан Лефков, модератор на дебатата потенцираше дека корупцијата во медиумите е светски проблем, за кој треба гласно да се зборува.

– Таа во медиумите е сеприсутна. Мора да се работи на изнаоѓање на начини за нејзино намалување и искоренување. Саморегулацијата сепак сметам дека е најдобриот начин, ниту една друга земја нема изнајдено друг модел“ рече Лефков.

          Како еден од поодржливите предлози за борба со корупцијата во онлајн медиумите изнесен од страна учесниците на оваа дебата е формирање на т.н. Независен национален фонд за медиуми, кон кој пристап би имале сите медиуми на транспарентен и правичен начин. При постоењето на таков фонд, медиумите би можеле да понудат предлози и да добијат средства за да создадат квалитетна содржина.

Во С. Македонија, постојат околу 150 – 200 домашни дигитални медиуми. Речиси 80% од публиката во државата се информира од интернет. Дебатата беше организиранa во рамките на проектот ,,Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија“, што го спроведува СЕММ, а го финансира ЕУ и со поддршка преку USAID.