МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Денес е Светскиот ден на медиумуите, ААВМУ: да се реафирмираат основните принципи на медиумската слобода

Објавено на: 03.05.2022 во 14:27

Гостивар, 3 мај 2022  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопштение за јавност (ААВМУ) по повод одбележување на Светскиот ден на слободата на медиуми со соопштение порача дека демократските општества не можат да функционираат без слобода на изразување.

„Новинарство под дигитална опсада“ е мотото под кое се одбележува годинешниот Светски ден на слобода на медиумите со што се нагласува влијанието на дигиталната ера врз слободата на изразување, безбедноста на новинарите, пристапот до информации и приватноста.

Од ААВМУ нагласуваат дека на денот на Светскиот ден на медиумите 3 Мај има можност да се реафирмираат основните принципи на медиумската слобода, да се процени степенот на нејзиното почитување и да им се оддаде почит на новинарите кои ги загубија своите животи извршувајќи ги своите професионални обврски.

„Демократските општества не можат да функционираат без слобода на изразување, независни и критички медиуми поради што сите без исклучок треба да вложат максимални напори за обезбедување безбедна средина за работа на новинарите и пристап до информации“.

Според последниот извештај на Репортери без граници, пред нас сé уште стојат бројни предизвици. Агенцијата, како и досега, ќе продолжи да делува проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите и неопходноста да им се овозможи непречено работење.