МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

ДУИ го обвинува Таравари за неисплатени плати на наставниците

Објавено на: 17.12.2021 во 11:55

Гостивар, 17 декември 2021 Огранокот на Демократската унија за интеграција Гостивар ја обвини локалната самоуправа за лошо менаџирање со буџетот што придонело за доцнење на ноемвриските плати на вработените во образование. На прес-конференција првиот човек на огранокот Башким Хасани јавно праша кога наставниците во општина Гостивар ќе ги добијат парите.

– Тоа е феномен кој првпат се случува, блок дотациите од централно ниво да се дезориентираат и наставниците да останат без плати. Блок донациите претставуваат средства обезбедени од Министерството за образование и наука, во овој случај за платите на наставниците. Арбен Таравари со својата неспособност не успева ниту да ја игра улогата на посредник и да спроведе процедурална работа, рече Хасани на прес конференцијата во седиштето на партијата во Гостивар.

Тој посочи дека градоначалникот Таравари треба да ја признае грешката од која најмногу штета трпат семејните буџети на наставниците.

Според Хасани, првиот човек на општина Гостивар повеќе внимание посветил на политиките кои се водат на централно ниво и водел грижа за проблемите во општината.

 – Оваа неодговорност на Таравари, посакуваме да не се повтори повеќе, бидејќи цената не ја плаќа ЛЕВИЦА туку плаќаат наставниците кој ги учат и едуцираат децата од нашиот град. Ова e последен момент за Таравари да ја напушти големата политика, бидејќи се виде дека ни „п“ не разбира од политика и да се врати на функцијата градоначалник, подвлече Хасани.

згм