МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

ДУИ прашуваат: Зошто им го нудат на своите гласачи човекот кои самите го нарекоа неспособен

Објавено на: 05.10.2021 во 12:54

Гостивар, 5 октомври 2021    Членовите на граѓанската иницијатива „Гостивар кој го сакам“ и гостиварскиот огранок на ДУИ одржаа прес конференција на која пуштија снимки со изјави на пратеничката Дафина Стојаноска во време кога Арбен Таравари раководел со државното здравство како министер.

Лек Далипи, кандидато за советник од листата на ДУИ на прес конференцијата се обрати пред седиштето на ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар.

„Имаме прашање до пратеничката до Дафина Стојаноска која во јуни 2017 година за трагедијата во селото Симница изјави дека тогашниот министер за здравство Арбен Таравари бил неспособен и тогашниот систем за здравство под негово бил уништен. Во тоа време пратеничката Стојановска го обвини Таравари дека од луксузите хотели во САД ја следи состојбата како умираат луѓе од епидемијата. Таа можела да се спречи и  токму затоа од него бараше оставка. Потсетуваме дека двајца жители на Симница починаа од хеморагична треска, а десетици се заразија. Прашуваме зошто им го нудат на своите гласачи, да го гласаат човекот кои самите го нарекоа неспособен.“, рече Далипи.