МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Жена тешко повредена во сообраќајка, полицијата трага по возачот кој побегнал

Објавено на: 20.08.2022 во 14:32

Гостивар 20 август 2022  Полицијата трага по возач кој претпладнево удрил повозрасна жена на улица во Гостивар и тешко ја повредил.

Од СВР Тетово информираат дека денеска околу 10 часот, во СВР Тетово била пријавена сообраќајна несреќа.

– На улица „Илинденска” во Гостивар, патничко моторно возило, кое веднаш го напуштило местото, удрило во 69-годишната гостиварка Л.А. Во несреќата, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото-учесник во сообраќајната несреќа