МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Започна „генералка“ за чистење на отпадот низ градот

Објавено на: 07.05.2022 во 10:24

Гостивар, 7 мај 2022 (МИА)  Вработени во гостиварската локална самоуправа, јавните претпријатија, еко активисти и средношколци започна со чистење и собирање на отпадоци од јавните површини низ градот. Акцијата „Генералка викенд“ се одвива во заедничко партнерство на Пивара Скопје, Пакомак и Мен енд маунтен на четири локации.

Чистењето од смет и комунален отпад започна од кејот и шеталиштето покрај Вардар и ќе се врши во околината на СЕОУ „Гостивар“ (средно економско), општата болница, градскиот пазар и домот на културата.

Поддршка на акцијата под мотото „Излези и ти, собери го отпадот од твојата директна околина и придонеси за поздрава и позелена иднина за сите!“ дадоа и градоначалникот на општината, Арбен Таравари, претседавачот со советот на општина, Ваљбон Лимани и советници.

Организаторите ја појаснија идејата за генерално чистење на градот.

– Целта е да собереме што е можно повеќе отпад кој потоа ќе се носи до најблиската Пакомак или локална станица за отпад. Со секои 10 кг отпад, ќе придонесе во засадувањето на новите пристапни шуми „СОНЧЕВА ГОРА” – национални зелени споменици што ќе растат секоја година.

Акцијата за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022, е една од активностите за се придонесе во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и зачувување на животната средина.

згм