МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Започна „Летна школа 2022“ за основците од гостиварските училишта

Објавено на: 04.07.2022 во 12:25

Гостивар, 4 јули 2022 (МИА) На пригодна свеченост која се одржа во спортската сала „Младост“ во Гостивар беше означен почетокот на шест неделната манифестација „Летна школа 2022“. Учениците од основните училишта од општина Гостивар ќе следат содржини од повеќе области (музика, спорт, образование, уметност, технологија) кои ги подготвија професионални едукатори и ќе поминуваат време во спортување, учење и рекреација. Една од целите на школата е да се издвојат децата според нивните афинитети и да ги искажат талентите кои ги поседуваат.

На церемонијата по повод почетокот на „Летна школа 2022“ беше кажано дека во претходниот период за учество се пријавиле над седумстотини деца и 40 инструктори од различни професии. Организацијата е на локалната самоуправа која целосно го поддржа овој проект.

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во обраќањето искажа благодарност до сите кои се пријавиле и посебно до лицата кои ќе ги спроведуваат активностите. За него е важно, како што кажа, децата слободното време да го поминуваат во активен одмор и дружење, наместо со модерните технологии.

            – Пред 5-6 месеци кај мене во канцеларија дојде еден наш сограѓанин ми предложи да организираме летна школа за деца во Гостивар. Не бев сигурен колку тој предлог е добар, со оглед дека децата со нетрпение го чекаат летниот распуст. Меѓутоа, со соработниците од секторот за образование го разгледавме предлогот и ја разработивме идејата. Имаме над 700 деца кои се заинтересирани да имаат релаксирани активности во лето поврзани со култура, спорт образование. Мило ми е што таа идеја успеа и посакувам да имате моменти на кои ќе се сеќавате и ќе ве исполнуваат, рече Таравари.

Според планот, едукаторите ќе ги подучуваат и запознаваат децата низ 15 тематски области како: кошарка, фудбал, шах, информатика, архитектура за деца странски јазици, музика, пеење, свирење, ликовна култура, цртање, боење.

згм