МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Започна 16-тата меѓународна ликовна колонија “Гостивар 2021“

Објавено на: 24.06.2021 во 22:11

Гостивар, 24 јуни 2021 (МИА) На пригодна церемонија, синоќа беше означен почетокот на шеснаесетото издание на Меѓународната ликовна колонија Гостивар 2021. Организаторот, здружението на ликовни уметници на Македонија „Драудакум“ годинава одбра 32 уметници од повеќе земји кои наредниве пет деновиве ќе творат во хотелот „Панорама“.

Универзитетскиот професор и претседател ан ЗЛУМ Драудакум, Решат Амети на отворањето напомена дека годинава се избрани уметници кои имаат забележителни кариери и како што рече ќе биде убава можност публиката да види нешто од нивното творештво. Од нив како, што нагласи Амети се очекува да дадат нова и поголема вредност на Гостивар.

Колонијата ќе трае до 28 јуни и во неа учествуваат од Македонија, Либан, Косово, Турција, Албанија, Англија, Јужна Кореа и Германија. Покрај ликовните техники, дел од уметниците ќе творат и во вајарство. По завршувањето и изложба на делата кои по традиција остануваат во сопственост на колонијата.

Поздравни говри имаа и претствниците на Министерстово за култура Бехиџудин Шехапи и од општина Гостивар Имрлие Салиу кои финансиски го поддржаа одржувањето на колонијата

згм