МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Зголемен број на стомачни инфекции во Врапчиште, причината непозната

Објавено на: 22.06.2021 во 14:12

Мачнина со повраќање, проливи и изнемоштеност. Со вакви симптоми, дваесетина Врапчиштани се јавиле на лекар. Повеќето тврдат дека се инфицирале од водата за пиење која ја добиваат преку селскиот водовод. Во разговорите со селаните тие потврдуваат дека имало заболени, а бројката е поголема. Многу не отишле на лекар, а многумина се вознемирени и стравуваат дека состојбата е подраматична.

Потврда за зголемениот број на заболени добивме од инфективното одделение во општата болница „Ферид Мурад“. Кај нив на амбулантски преглед во еден ден се јавиле дваесетина лица, главно од повозрасните категории. Се жалеле на исти стомачни тегоби, со полесна клиничка слика и никој не задржан на лекување.

Лирим Беќири дежурен лекар во инфективно одделение

Летниот период е честа закана особено во регионот под Шар Планина во општина Врапчиште. Појавата на ширење на зарази преку водоводните системи во минатото беше честа. Затоа и постои сомнеж дека последната состојба е повторување на случаите кога имаше и по стотина заболени.

Од јавното комунално претпријатие кое управува со водоснабдувачките системи се запознати со состојбата во Врапчиште. Ги презеле сите потребни мерки, редовно се врши дефинфекција на воводовод, а сега чекаат на резултатите. За да се спречат натамошни кризни ситуации и загадување на водата за пиење, отпочнат е вреден проект.

Директорот на комуналното претпријатие Амир Беџети најави скорешено решение на проблемите со водоводот во Врапчиште

Во центарот за јавно здравје каде се следи исправноста на водата за пиење во гостиварско, потврдија дека неспоредно по појавата на зараза, земени се мостри и резултатите од анализите ќе бидат познати до крајот на неделава.

Дали, Врапчиштани се заразиле со пиење вода од селскиот водовод или причината е на друго место, тоа ќе го дознаеме наскоро