МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Измама: Угостител примил нарачка за семинар по телефон и дал позајмица

Објавено на: 02.11.2021 во 12:35

Гостивар, 2 ноември 2021 Гостиварски угостител станал жртва на несекојдневна измама. Тој, со непознато лице по телефон договорил семинар во неговиот локал, а на барање од непознатиот нарачател дал и позајмица во кеш.

Според СВР Тетово, О.А. (24) вчера (1 ноември) во 14 часот во СВР Тетово пријавил дека непознато лице утрото околу 8 часот и 30 минути телефонски му се јавило и претставувајќи му се дека е наводно универзитетски професор. Од него побарало да го подготви неговиот угостителски објект за одржување на неколкучасовен семинар со 15 гости.

Набрзо потоа, во два наврати, измислувајќи разни изговори лажниот професор повторно телефонски побарал на одредено место О.А. да му испрати извесна сума пари, кои наводно ќе му ги врател кога ќе дојдел во неговиот објект со учесниците на семинарот. По извесно време на телефон му стигнала порака дека лицето е измамник и дека О.А. е измамен. Во полиција се работи на расчистување на случајот.