МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Исклучени од сообраќај два автобуси и казнети десет возачи во јавниот превоз

Објавено на: 24.12.2021 во 14:11

Гостивар, 24 декември 2021 (МИА) Полицијата во претпладневните акции за контрола на возила во јавниот превоз на полошкото подрачје открила повеќе прекршоци. Исклучени од сообраќај се два автобуси заради неисправни сопирачки, десет возачи немале лекарски уверенија и соодветна возачка дозвола.

Од СВР Тетово информираат дека нивни службеници во содејство со државни и општински инспектори по сообраќај спроведоа акциска контрола на автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници.

-При контролата биле откриени 2 автобуси (ТЕ-1 и ГВ-1) кои имале неисправни сопирачки и биле веднаш исклучени од сообраќај. На возачите изготвени им се соодветни поднесоци. Покрај ова, поднесоци им се изготвени на 10 возачи (ТЕ-6 и ГВ-4). Повеќето немале лекарски уверенија и за несоодветна категорија за управување. На два превозници од тетовско изготвени им се поднесоци за непоседување на потребните лиценци, а преземени се и 4 други мерки за возачи во гостиварско, наведуваат од СВР Тетово.

Од полицијата потсетуваат дека вакви активности планирани се и наредните денови. Нивната цел е навреме да се откријат, санкционираат и отстранат технички неисправните возила кои вршат јавен превоз на патници.

згм