МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Казнети девет пешаци за движење вон тротоар и пешачки премини

Објавено на: 10.03.2021 во 12:02

Гостивар, 10 март 2021 Сообраќајната полиција вчера попладне спроведе акција за контрола на пешаци и на нивното однесување во сообраќајот. При контролата откриени и законски се санкционирани вкупно 9 лица.

Најголемиот број од прекршоците се однесувале на некористење на тротоари и на преминување на улиците надвор од пешачки премини. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.