МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Казнети триесет патници за неносење заштитни маски во јавен превоз

Објавено на: 06.07.2022 во 11:24

Гостивар, 6 јули 2022 (МИА) Полицијата открила триесет лица кои се превезувале со јавен превоз и немале заштита, како мерка за спречување на ширење на КОВИД 19. Тие ќе се соочат со парична глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Од СВР Тетово информираат дека вчера (5 јули) од 12 до 15 часот на поширокото гостиварско подрачје спроведена е акциска контрола во рамките на активностите за спречување на ширењето на „ковид-19“. Притоа се контролирало дали и колку се почитува законската обврска за задолжително носење на заштитни маски во возилата од јавниот превоз, автобуси и такси комбиња.

            – При контролата откриени и законски санкционирани биле 30 лица кои не носеле заштитни маски или друга заштита на лицето. На сите им се изготвени соодветни поднесоци по член 66-б од Законот за заштита на населението од заразни болести, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Тој потенцира дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период и ќе се преземаат законски предвидените мерки.

згм