МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

КК Гостивар ја засили центарската позиција со грузискиот репрезентативец Корсантиа

Објавено на: 31.07.2022 во 11:27

Гостивар 1 август 2022 Кошаркарскиот прволигаш Гостивар ја пополни испразнетата центарска позиција, по заминувањето на Марјан Јаневски. Управата на клубот ја официјализираше најавата дека ќе обезбеди играч на позицијата 4-5.

– Репрезентативецот на Грузија, Гиорги Корсантиа е нов кошаркар на КК Гостивар. Со него нашиот клуб добива одличен играч, стои во објавата.

Овој играч има висина од 207 цм и доаѓа од шампионот на Грузија – Кутаиси, каде имаше одлична сезона. Корсантиа беше еден од најдобрите во тамошното првенство со учинок од 17.7 поени по натпревар и 10 скока по натпревар

Во составот на КК Гостивар за претстојната сезона ќе настапуваат Ренато и Роберт Димитриевски и тоа ќе биде нивна 8 сезона по ред.

Претходно договори потпишаа: Максим Митевски (22), еден од најталентираните играчи на неговата генерација во Македонија (минатата сезона, имаше 29 натпревари за МЗТ Скопје УБ со ефект од 13, 8 поени, 2,9 скока и 3,1 асистенција) и Војче Лефкоски – Бараба.

Тимот ќе го води Љупчо Малинков, младиот и трофеен стручњак кој претходно беше на клупите на Фени Индустри и Пелистер. Никола Димитриевски останува помошник тренер и во следната сезона