МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Контрола во јавниот превоз: сообраќајците напишаа 5 казни за неисправни возила

Објавено на: 16.08.2022 во 13:02

Гостивар, 16 август 2022 Во последните контроли на сообраќајната полиција, утрово на гостиварското подрачје откриени се автобуси и такси возила со неисправни сопирачки, истечена регистрација и без извршен технички преглед. Контролите ќе бидат засилени со почетокот на учебната година, периодот кога учениците најмногу го користат јавниот превоз.

Од СВР Тетово информираат дека со акциската контрола која била извршена од 06.00 до 10.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово биле опфатени 38 возила кои вршат јавен превоз на патници (автобуси, комбиња и такси возила).

            – При контролата, на гостиварското подрачје биле откриени и соодветно санкционирани пет прекршоци за технички и други недостатоци. Две возила биле со неисправни сопирачки, исто толку немале извршено технички преглед, а едно имало истечена регистрација. На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци. Три возила веднаш се исклучени од сообраќај, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во претпладневните контроли, исто така, санкционирани биле и 3 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-1), од кои 1 возило без потребните документи за вршење на јавен превоз.

Ваквите контроли ќе продолжат пред и со почетокот на новата учебна година, бидејќи како што наведуваат од СВР Тетово, во полошкиот регион секојдневно ќе се превезуваат и голем број ученици. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила и да се обезбеди непречено и безбедно превезување на патниците.

згм