МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Корисно инфо: Кој може да се движи во полициски час, старите дозволи ќе важат

Објавено на: 10.03.2021 во 10:55

Гостивар, 10 март 2021 Со оглед дека од вечерва стапува на сила за забрана за движење од 22 часот до 5 часот наутро, сакаме да ви помогнеме со дополнителна информација. Кој може и за кого нема да важи ограничувањето и за кои категории нема да важи полицискиот час.

Слободно можат да се движат: патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми. На оние кои имаат авионски карти во меѓународниот превоз кои за време на полицискиот час, тие ќе им важат како дозвола за движење.

За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат за време на забраната за движење. Како дозвола ќе се смета патниот налог.  Танспортерите што транзитираат имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин.

Граничните служби на премините ќе ги пропуштат патниците кои со лични возила ја напуштиле земјата пред воведувањето полициски час.

Отстапки од забраната ќе има и за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа и за слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на МВР.

Министерството за информатичко општество и администрација  преку соопштение со кое ги известува граѓаните и економските оператори дека се обновува важноста на веќе издадените дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана за движење. Министерството ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите. како и за оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање.