МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

ЛСП: Организирано и заеднички до повеќе пракинг места за „печалбарскиот шпиц“

Објавено на: 14.07.2022 во 14:45

Гостивар, 14 јули 2022 (МИА) Локалната самоуправа, полицијата и повеќе организации и институции со здружени сили ќе помагаат во надминување на проблемите во сообраќајот низ градот наредниов месец, е заклучокот по одржаниот состанок на Локалниот совет за превенција. За повеќе паркинг места ќе бидат ставени во функција училишните дворови, а подостапни за купување ќе бидат и билетите за паркирање.

Претставниците на полицијата и Отсекот за превенција при СВР Тетово го претставија новиот проект чие спроведување ќе започне од утре. Целта и приоритет на овој проект („Паркирај прописно-овозможи нормален сообраќај“) е да ја зголеми безбедноста во сообраќајот. Со него е предвидено зголемено присуство на полициски службеници по улиците, сообраќајни поуки за прекршителите, делење на информативен материјал и совети.

Градоначалникот на општина Гостивар, кој раководеше со состанокот на Локалниот совет за превенција (ЛСП), напомена дека доаѓањето на печалбарите во значителна мера ќе го отежне движењето во сообраќајот.

            – Од утре, дворовите на основните и средните училишта ќе бидат ставени во функција на привремени паркиралишта и паркирањето во тие простори ќе биде бесплатно. Неопходно е подигање на повисоко нивно на соработката на терен помеѓу полицијата и вработените во ЈП „Градски паркиралишта и зеленило“, рече градоначалникот Арбен Таравари.

На состанокот на локалниот совет за превенција, меѓу останато беше договорено волонтери на ОО Црвен крст заедно со полицијата да делат летоци и совети за безбедно паркирање, да се покријат повеќе места за продажба на билети за паркирање и двосменско работење на „пајак службата“

Билетите за паркинг со важност од еден час изнесуваат 30 денари, неделниот 750 и месечниот 3.000 денари. Во општина Гостивар има околу 800 паркинг места и над близу 29 илјади регистрирани возила, од кои најголемиот дел се автомобили.

dav

Еден горливите проблеми на градот е сообраќајната инфраструктура кој ескалира со доаѓањето на печалбарите во летните месеци. Од локалната самоуправа упатија апел за воздржување од користење на автомобили во наредниов период.

згм