МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Малиот одѕив ќе ги повтори изборите во Маврово Ростуше

Објавено на: 18.10.2021 во 20:39

Гостивар, 18 октомври 2021  По објавувањето на резултатите од првиот круг од локалните избори од Државната изборна комисија (ДИК) известија дека во две општини  Центар Жупа и Маврово-Ростуше ќе се повтори изборната постапка. Во овие две општини не бил исполнет законскиот услов за цензус, одноно од една третина од запишаните гласачи да излезат на гласање.

– Во двете општини Центар Жупа и Маврово и Ростуше заради неисполнување на законскиот услов од една третина од запишаните гласачи да излегле на гласање ќе се повтори целата изборна постапка член 132 став 2 од Изборниот законик“, рече првиот човек на ДИК, Даштевски.

Во општина Маврово Ростуша имаше двајца кандидати и шест листи за советници. Кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски освои 1.563 гласови (48,15%), а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Мевмет Џафери 1.558 (48,00%)