МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Малолетник прободен во грб по тепачка во Форино

Објавено на: 20.04.2022 во 11:17

Гостивар, 20 април 2022 (МИА)  Еден малолетник завршил во болница со убодни рани по тепачка со други малолетни лица. Полицијата сомничи двајца малолетници и работи на расчистување на случајот.

Според СВР Тетово, вчеравечер (19 април) во 22 часот и 30 минути било пријавено дека половина час пред тоа во гостиварско Форино еден малолетник бил повреден со остар предмет. На повредувањето му претходела вербална расправија, по што настанала физичка пресметка помеѓу 3 малолетници.

Еден од малолетниците со остар предмет му нанел повреди на друг малолетник, кој е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Повредениот е задржан на лекување.

На местото на настанот увид извршиле  Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се очекува во текот на денот да биде извршен разговар со двајцата малолетници, во присуство на родители, претставник од Центарот за социјални работи и адвокат.

По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе биде  изготвен поднесок, информираат од СВР Тетово.

згм