МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Марјан Србиновски го напушти КК Гостивар

Објавено на: 05.04.2021 во 13:09

Гостивар, 5 април 2021

Гостиварскиот прволигаш остана без тренер откако Марјан Србиновски денеска си поднесе оставка. Како повод се наведува поразот од МЗТ 2 на последниот меч. Марче на тренерското место на КК Гостивар беше од 2017 година.

Тој во поднесената оствака се заблагодари на досегашната соработка и наведе дека оваа сезона била полна со турбуленции.

„Како најодговорен за резултатите кои не се според нашите очекувања од морален чин поднесувам оставка од позицијата шеф на стручен штаб. На клубот му посакувам многу успеси во иднина”.

Од управата на клубот во информацијата која ја пренесоа повеќе спортските портали наведуваат дека оставката е обострано прифатена без замерки и недоразбирања.

„Чест и задоволство ни беше што изминативе години го имавме нашиот гостиварец, Марјан Србиноски на клупата. Неговиот придонес вечно ќе остане врежан во историјата на клубот. На Марче му посакуваме големи успеси во понатамошниот тек на кариерата и во животот со надеж дека некогаш во иднина повторно ќе ни се вкрстат патиштата“

Се шпекулира дека на испразнетото тренерско место ќе седне Александар Јончевски, кој пред неколку дена си замина во таборот на Кожув. Дотогаш, тимот ќе го води досегашниот помошник Димитриевски.

КК Гостивар моментално се наоѓа на 5. позиција на табелата. Засега е неизвесно дали гостиварци ќе се пласираат меѓу најдобрите 8 во завршниот плеј-оф.