МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Мајсторот на фотографија Осман Демири со изложба во Скадар, Албанија

Објавено на: 12.06.2022 во 09:53

Гостивар, 12 јуни 2022  Еден од најдобрите гостиварски фотографи познат и на пошироката уметничка јавност, Осман Демири синоќа во Скадар (Албанија) имаше самостојна изложба. На ова најново претставување, во галеријата „Ода“ на пбуликата ѝ се претстави со дваесет дела од циклусот насловен „Нирвана“.

За Radio G, пред отворањето на изложбата, Демири најави што содржи неговиот последен опус и како дошол до името.

– Нирвана е духовна удобност, тоа е спокојство, тоа е благосостојба со себе. Но спротивно од фактичката состојба во секојдневниот живот, во кој истата душа бара работа, посветеност, креативност. Кога зборуваме за „ Нирвана“ во уметноста е нешто сосема друго, затоа што мислам дека кога се постигнува едноставноста тоа е врв, врв на уметноста, рече фотографот.

На последното уметничко претставување, во Скадар имаше и негови соработници уметници со кои твори и се дружи.