МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Модуларната болница почна да прима пациенти

Објавено на: 15.03.2021 во 21:48

Гостивар, 15 март    По подолго време во Гостивар е регистрирано уште едно лице кое починало како последица на КОВИД 19. Се работи за маж на 70 годишна возраст кој бил хоспитализиран во Инфективно одделение со тешка клиничка слика.

Во гостиварската болница во моментов се лекуваат 19 пациенти. Од нив шест се на кислородна поддршка, информираше Ратко Наумоски раководител на инфективното одделение. Заради зголемувањето на бројот на заразени, од викендот е пуштена во употреба и модуларната болница каде се лекуваат осум пациенти со коронавирус и се полесна клиничка слика.

„Денес видов дека и во Центарот за јавно здравје имаше многу луѓе кои чекаа да бидат тестирани. Тоа е доказ дека бројките растат, рече Наумоски.

Наумоски апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките бидејќи се зголемува вируленцијата на вирусот. Тој нагласи дека полицискиот час нема ефект и порача доследно почитување на мерките за заштита.

„Ширењето на болеста сега е поголемо. Гледаме дека во семејство едно лице се заразува, па сите други членови излегуваат позитивни на тестовите. Имаме кластерско семејство со седум или осум болни лица, вели раководителот на одделот за инфективни болести во општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Од почетокот на пандемијата во Гостивар, со КОВИД 19 регистрирани се 4.070 случаи, од нив 175 починале. До денес имаше 301 активен случај.