МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Музичко деби на Џејмс и Синиша (D’Reamers)

Објавено на: 09.03.2021 во 12:36

Гостивар, 9 март 2021 Двајца гостиварци Јордан Ивановски-Џејмс и и Синиша Карафилоски ја снимија првата песна која најавува идна соработка на проектот D’Reamers. Дебито на дуото е композицијата „Карма”.

За првата снимка Синиша вели дека е направена во ретро стил со современ звук и идејата е да се пренесат современите светски токови. Тој најавува дека и следните авторски песни ќе го содржат убавиот звук
Деби песната на D’Reamers  е авторско дело (текст и композиција) на Крафилоски.

Соработката на ова дуо во кое покрај него членува и Џејмс познат на гостиварската естрадна сцена како вокалист од кавер бендот План Г, започнала неодамна. Првата снимка е реазлизирана во студиото на Дамир Пух “GreenRoom Sound“ во Скопје. Пух едновремено е продуцент и аранжер, а придружните вокали во “Карма“ се на Наташа Миха. Песната можете да ја преслушате на нивниот официјален YouTube канал.

Во најавите на D’Reamers  се очекува од оваа соработка да произлезат и други песни, а како што велат тие ќе бидат освежување и позитивно изненадување.