МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Најуспешните спортисти и ученици на прием кај градоначалникот Таравари

Објавено на: 09.06.2022 во 13:04

Гостивар, 9 јуни 2022 Спортски работници со успешни кариери, талентирани ученици, артисти денес беа на прием кај градоначалникот на општина Гостивар. За постигнатите резултати во изминатиов период тие добија благодарници и вредносни ваучери.

Во кабинетот на Арбен Таравари денес продефилираа ученици кои постигнаа завидни резултати на натпреварите по хемија, математика и спортисти кои освоија медали на меѓународни домашни првенства

Таравари истакна дека Гостивар има многу млади таленти со кои гордо може да се пофали и во тоа име покрај благодарниците на шестмина млади им беа дводелни вредносни ваучери.

            – Од утрово ги одбележуваме успесите на нашите деца. Од позиција на градоначалник можам да им посакам сè најдобро, а воедно сум горд што токму тие се највредните амбасадори на нашиот град. Би сакал тие да се примерот, којшто ќе го следат и другите деца. Во тоа име ги промовираме и останатите да го прифатат тоа дека подобар пат за успех од труд, посветеност и работа нема, подвлече Таравари.

Благодарници за посветеноста во спорот добија Мирко Петрески кој во моментов тренерската кариера ја води надвор од земјава и има резултати како помошник тренер на Бурсаспорт и карате тренерот Арлинд Хусеини со помладите категории.

Поддршка за нивното залагање и резултати добија Лина Демири и Тамара Грујевска на полето на музиката. За бронзениот медал на математичката олимпијада признание доби Виктор Максимовски, ученик во ОУ „Единство“ исто така и Хана Ќазими, од ОУ „Исмаил Ќемали“ за освоени први места на натпреварите по хемија.

згм