МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Од денеска нема движење низ шуми

Објавено на: 03.08.2021 во 09:49

Гостивар, 3 август 2021   Заради неповолната временска сосотојба предизвикна на високите температури и појавата на пожари, од денес 3 август на сила е забрана за движење низ шумите.

Од Владата на РСМ информираа дека на сила е целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката.

-Владата на Република Северна Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите, наведуваат од владината прес служба.

Според досегашните искуства, воведувањето на ваква забрана подразбира прекин на работите во шума, престој во шума, туристички тури и ограничено движење.