МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар го одбележа Февруараскиот поход

Објавено на: 12.02.2022 во 12:03

Гостивар, 12 февруари 2022 Годишнината од завршувањето на Февруарскиот поход, една од позначајните активности на народната војска во Втората светска војна, дел од раководството на ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар ја одбележа со положување цвеќе на споменикот на народниот херој Чеде Филипоски на градскиот плоштад.

Делегација на ОК ВМРО ДПМНЕ оддаде почит на сите кои ги положија животите и вложиле надчовечки напори во рамки на одбележувањето 78 годишнината од Февруарски поход.

Февруарски поход во историјата е запишан како акција на НОВ на Македoнија која во февруари 1944 година извршила оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија, по што се созададени слободни територии и созададени услови за одржување на АСНОМ.