МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Општина Гостивар во соработка со ЗПРИО „Инклузива“ ќе создава поинклузивна средина

Објавено на: 04.04.2022 во 14:31

Гостивар, 4 април 2022 (МИА) Гостиварската локална самоуправа во наредниов период ќе ги интензивира активностите за создавање на подобри услови за лицата со посебни потреби и нивна инклузија. Денес во Гостивар беа потпишан меморандум за соработка со едно здружение кое делува на национално ниво и беше организирана трибина „Остварување на правата на лицата со попреченост“.

Во општина Гостивар се работи на создавање на услови со што таа треба да стане инклузивна и ќе овозможи остварување на повеќе права на лицата со попреченост и подобрување на квалитетот на живот. Имерлије Салиу од Секторот за труд и социјална политика при општина Гостивар, напомена дека како општество допрва треба да работиме на подигање на свеста за оваа категорија луѓе.

Таравари и Димитриевска ставија потпис на меморандумот

            – Во нашата општина има повозрасни и деца со посебни потреби и заради начинот кој ги перципираме, потребно е подигање на свеста за нивен третман и прифаќање и затоа ги прибираме и искуствата на другите за да ги унапредиме односи кон оваа категорија на луѓе, рече Салиу.

Од потпишаниот меморандум корист ќе има и Центарот за аутизам во Гостивар на од здружението „Блу Пазл“ кој ќе биде отворен следниот месец.

 – Нашите нови соработници од „Инклузива“ како организација одблиску нè запознаа со начинот на лиценцирање на нашата организација и финансирањето, рече Самир Грбле.

На трибината се зборуваше за начинот на соработка помеѓу општина Гостивар и здружението „Инклузива“ и кои со активности ќе се унапреди и развива инклузивна локална заедница со што би се подигнал квалитетот на живот и остварување на загарантираните права на лицата попреченост и нивните семејства. Во иднина се планираат повеќе средби, работилници и конкурирање на повици за проекти.Претставниците на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово која делува на национално ниво пренесоа и нивни искуства.

            – Потребни се многу чекори, првично да се има волја за соработка на која тука наидовме. За да кажат дека имаат инклузивна општина, граѓаните посебни потреби треба да имаат исти права како и ние останатите во сите сфери на локалното живеење, почнувајќи од предучилишниот процес, училиштето, вработувањето и социјалните услуги, рече Благица Димитриевска од ЗПРИО „Инклузива“

Меморандумот за соработка го потпишаа заеднички градоначалникот Арбен Таравари и претставничката на „Инклузива“.

згм