МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Општина Гостивар со акциски план ќе го подобрува квалитетот на образованието, пилот проектот започна во средното техничко училиште

Објавено на: 08.03.2021 во 21:06

Гостивар, 4 март 2021 (МИА) Гостиварската локалната самоуправа започна со спроведување на акциски план во средните училишта чија цел е подобрување на квалитетот на образованиот процес. Реализацијата започна како пилот-проект во Општинското средно техничко училиште со формирањето на работна група од 15 члена.

Од општина Гостивар во спроведувањето на оваа активност која ќе трае една година лица ќе се вклучат претставници на повеќе групи кои се предвидени да ги креираат идните чекори. Аслиан Снопче, одговорна за образование при општина Гостивар посочи дека во пилот проектот има работна група составена педагошко-психолошката служба, родители, професори и ученици кои ќе ги разгледуваат и низ дискусија ќе дојдат до начините за унапредување на наставата.

Со овој метод, вели Снопче ќе биде полесно да се дојде до реалните потреби на училиштата и дека е координиран со тој на МОН.

За директорот на средното техничко, Бесир Салиу, преку овој план приоритет ќе се даде на инфраструктурата за напредна теоретска и практична настава.

Африм Илјази, модератор на планот, на средбата појасни дека училиштата на ваков начин ќе ги истакнат потребите и да се состави пореална слика за тоа што реално им треба. Според Илјази постои можност и по една година да продолжи неговата реализација.

По техничкото училиште, иницијатива на локалната самоуправа ќе биде презентирана и во другите три средни училишта во Гостивар.

з. г. м.