Партнерски однос и мотивирање за повисока наплата на данокот на имот

Објавено на: 15.07.2021 во 15:12

Гостивар, 15 јули 2021 Претседателите на месните заедници од гостиварската општина и нивни претставници учествуваа на форум на ги разгледуваа позитивните аспектите од редовно намирување на давачките. Низ дебата и преку конкретни примери беа разгледувани примерите како да се подобри наплатата на данокот на имот и каква корист имаат граѓаните од оваа обврска.

Општина Гостивар е една од четирите пилот општини во кои се спроведува проектот за даночна одговорност и преку фокус група има за цел да ги идентификува приоритетите на граѓаните од руралните средини на општина Гостивар.

Првиот човек на општината смета, дека со наплатата на даноците во голема мера придонесува и врз транспарентноста во работењето на локалната власт и ефикасно инвестирање на парите прибрани од граѓаните. Мотивацијата наспроти присилната наплата е метод кој е поприфатлив, особено во кризно време како што се овие две години во период на пандемија.

– Тешко е да се мотивира сиромашен човек, кој едвај преживува. Сепак плаќањето на даноци е во една константата последниве десетина години. Има пад што е последица на пандемијата, но треба да се има предвид дека голем број на наши граѓани живеат надвор од земјата, па и оттука е тешко да се очекува зголемен процент на наплата. Сепак треба да се наоѓаат модели за мотивирање, рече Арбен Таравари градоначалник на општина Гостивар

Толерирањето при доцнењето за плаќање данок на имот е еден од начините преку кој општината се обидува да ги мотивира граѓаните за да ја исполнат обврската, напоменуваат од Центарот за економски анализи е добар пристап.

– Општината се користи со методот на толеранција до одреден степен. Кога имало потреба за да се приберат средства за да инвестира во одредена област се пристапувало и кон присилна наплата. Има еден неконвенционален метод, односно се испраќаат известувања. Тоа е еден вид на мека комуникација и партнерство кое ќе ги поттикнува граѓаните за да ги исполнат обврските, рече Габриела Димовска од Центар за економски анализи

Габриела Димовска ЦЕА

Заклучно со 2019 година вкупно 15.000 даночни обврзници имале заостанати обврски по основ на данок на имот од минати години. Тоа претставува 1/3 (една третина) од вкупните број на физички лица кои се даночни обврзници на данок на имот. Во меѓувреме, 3,5 проценти целосно  ги подмириле обрските, а 1,5 проценти делумно.

згм