МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Пела Мед – прв дом за нега и грижа на лица по светски стандарди

Објавено на: 30.12.2021 во 11:08

Гостивар, 30 декември 2021   Наскоро се отвара првиот дом за нега и грижа на лица, Пела Мед, кој е наменски изграден да ги исполнува највисоките светски стандарди во оваа област. На одлична локација во срцето на Гостивар, во непосредна близина од изворот на реката Вардар и на само неколку километри од преубавите Маврово и Шар планина. Вистинско место за вас или вашите најблиски.

Новиот модерен и современ дом за грижа и нега на лица нуди беспрекорни услови со сместувачки капацитети комплетно уредени да го направат вашиот престој удобен и пријатен. Сите соби и апартмани се опремени по врвни стандарди, максимално пристапни и приспособени за непречено функционирање.

Покрај современо опремените соби и апартмани, Пела Мед располага и со заеднички простории кои вклучуваат комфорен дневен престој, трпезарија со зедничка кујна и фризерски салон. Во овие простории можете да уживате во сите удобности потребни за среќен и исполнет живот со низа рекреативни и социјални активности, како и одлична храна.

Покрај комплетно опремениот дом, Пела Мед овозможува исклучителен квалитет во грижата и негата за вас. Со одличен стручен тим кој ќе се погрижи за вас и заедно ќе креирате моменти на среќа, сигурност, хармонија и чувство на љубов. Здравствената нега вклучува континуирано следење на здравствената состојба, редовно делење на соодветна терапија, аплицирање на инфузија по препорака од лекар специјалист, мерење на крвен притисок и глукоза.

Пела Мед, дом за грижа и нега на лица, може да обезбеди квалитетен живот, удобност и грижа за секој од вас. За повеќе информации посетете ја официјалната фејсбук страна на Пела Мед или веб страната www.pelamed.mk

(комерцијална објава)