МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Полицијата со засилени контроли за празничниот викенд: Не возете под дејство на алкохол

Објавено на: 29.04.2022 во 14:45

Гостивар, 29 април 2022    За претстојниот празничен викенд се најавуваат засилени полициски контроли по патиштата, зашто се очекува зголемена сообраќајна фрекфренција од утре па во наредните три денови.

Од СВР Тетово до возачите упатуваат апел кој се однесува на продолжениот викенд, кога се паѓаат првомајските и бајрамски празнувања:

– Возачите задолжително и без исклучок да ги почитуваат сите сообраќајни знаци, правила и прописи и посебно непотребно да не брзаат, пред сé по автопатот, но и по други патишта кои водат кон околните излетнички места. Возачите, исто така, да избегнуваат конзумирање на алкохол, да внимаваат кога и каде престигнуваат и да не тргнуваат на пат со технички неисправни, односно непрегледани возила, се наведува во апелот на СВР Тетово.

Од овој орган нагласуваат дека наредните денови ќе се интензивира полициското присуство на сите патишта на подрачјето, посебно на патните правци кон Охрид, Маврово и по долината на Радика.