МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Порака по повод 3 Мај – Светскиот ден на слобода на медиумите: Слободни новинари, слободно општество

Објавено на: 03.05.2021 во 19:54

Гостивар 3 мај Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) по повод 3 Мај – Светскиот ден на слобода на медиумите ја испраќа пораката дека само со одговорно, етичко и квалитетно новинарство можеме да се бориме против сите закани кон медиумите и новинарите.

Оваа формула е успешна и во борбата за економско-социјалната стабилност на новинарите, но и како одговор против малициозните фабрики за лаги кои се претставуваат како новинарство.

Токму овие закани кои го инструираат и извртуваат информирањето и ги лишуваат граѓаните од точни и проверени информации не се закана само за новинарството, туку и за функционирањето на демократијата и за понатамошен развој на општеството. Слободно новинарство е еднакво на квалитетно општество.

ССНМ оддава почит кон петмината колеги кои во време на пандемијата ја загубија битката со Ковид- 19, а нивната посветеност во извршувањето на работните задачи останува вредна за споменување и патоказ дека само одговорно и чесно може да се постигне интегритет на поединецот како нуклеус на оваа префесија.

целата порака прочитајте ја тука