МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Почна имунизацијата, до крајот на денот ќе се вакцинираат педесетина граѓани

Објавено на: 02.04.2021 во 13:48

Гостивар, 2 април 2021 Вакцинирањето на населението во гостиварско започна утрово на посебен пункт во Здравствен дом Гостивар.

По претходно направените подготовки и насоките од здравствените власти, граѓаните се вакцинираат на 10-15 минути со што се избегнуваат мешаници и редови во затворен простор.

Одговорната во службата за вакцинација во Здравствен дом, д-р Дафина Богдановска, информираше дека за првиот ден според евиденцијата 47 граѓани за денес поднеле барање за вакцинација. Таа апелираше до пациентите покрај здравствени книшки да носат и лични карти.

Првите дози на вакцината Астразенека ги прими брачниот пар Рамадани од село Неготино. Седумдесети осумгодишната Лирије откако поминаа петнаесет минути од апликацијата, кажа дека се чувствува добро и дека ќе чека на ревакцинацијата за да се чувствува посигурно.

Во процесот на имунизација се вклучени и волонтерите на Црвен Крст. Тие пред влезот им помагаат на пациентите во пополнување на формулари со своите податоци. На почетокот на неделава во Гостивар стигнаа 500 дози од вакцините и со нив е предвидено да се вакцинираат првата група граѓани кои се на возраст над 77 години.

з. г. м.