МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Православните христијани го слават празникот Успение на Пресвета Богородица

Објавено на: 28.08.2021 во 08:43

Гостивар, 28 август 2021  Голема Богородица или Успение на Пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник е спомен за cмpттa на Богородица и Македонската Православна Црква OA и верниците го прославуваат на 28 август кога се завршува постот од 14 дена.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана …

Низ Македонија во манастирите или црквите што го носат името на Пресвета Богородица на празникот се одржуваат народни собири. Така е во манастирот во Матка крај Скопје, црквата во центарот на Скопје, во Лешочкиот манастир, Берово, и на повеќе други места.

Црквата на градскиот плоштад во Гостивар е посвеeтна на Пресвета Богородица и овој ден православните христијани го започнуваат со молитва и литургија