МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Превентивна акција за поголема безбедност на пешаците и велосипедистите

Објавено на: 24.07.2021 во 14:22

Гостивар, 24 јули 2021 (МИА) Припадници на полицијата денес започнаа со спроведување на активности насочени кон зголемување на безбедноста на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите во Гостивар. Од СВР Тетово информираа дека промотивно-информативната средба е во рамките на новиот превентивен проект на СВР Тетово, под мотото „Само искуството е знаење, а сè друго е информација и едукација“.

На градскиот плоштад сообраќајците со делење на летоци и совети ги запознаваа пешаците, велосипедистите, мотоциклисти и лицата кои управуваат електрични тротинети со законските прописи

 – Со директни средби сакаме на оваа категорија учесници во сообраќајот да им укажеме на законските прописи и измени, а тоа е со цел да ги заштитат животите. Одредени прекршоци од овие целни групи се во пораст и заради тоа започната е оваа иницијатива и проект, изјави Гаврило Гаврилоски самостоен инспектор во Отсекот за превенција на СВР Тетово.

Гавриловски потенцира дека за лицата кои ќе направат полесен прекршок, ќе се организираат сообраќајни поуки. Покрај директните укажувања, припадниците на полицијата им делеа наменски изработени летоци на македонски и албански јазик, со содржина која третира темата.

Ваква средба, минатиот месец беше организирана во Тетово и е дел од новиот превентивен проект на СВР Тетово „Поголема безбедност на пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и возачи на електрични тротинети и запознавање со позначајни прописи и измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“.

згм