МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Премиера во Тетовски театар: „Бубрегот“ во режија на Марјан Ѓеорѓиевски

Објавено на: 13.05.2022 во 10:18

Гостивар, 13 мај 2022 На сцената на тетовскиот театар овие два дена (петок и сабота) премиерно ќе биде изведена претставата „Бубрегот“, работена по текст на Штефан Фогел.

Од установата најавија дека за вечер (13 мај во 20 часот) ќе се игра претпремиерата, а за утре (14 мај во 20 часот) ќе се дава премиерната изведба.

Во актерската екипа се Јасмина ВАСИЛЕВА која го толкува ликот на Ема, Ѓорѓи Нешковски (Боби), Ирена Мирческа (Линда) и Марко Богдановски (Лео)

Режијата и изборот на музиката се на Марјан Ѓеорѓиевски, а сценографијата на Валентин Светозарев

Режисерот Ѓеорѓиевски за претставата ќе каже дека публиката ќе има прилика да ги препознае своите најтајни деструктивни сили кои спијат во секој од нас

– Денешниот човечулец, го „наседнале“, го изиграле, несвесно, како по некоја навика трча на социјалната скала-престижот, исцрпен, заборавил дека за возврат само се изгубил себе. Приказната на ” Бубрегот ” нас нè води кон тој пат. Дали сме спремни да се дадеме себе си? Што правиме кога нашиот дом сме го претвориле во арена на пропаднати вредности, како ги храниме нашите скриени демони. На крај ни останува љубовта, или само сме ја изџвакале, изгазиле, наведува режисерот кој своето театарско образование го започнал во класата на Владимир Милчин, а режија магистрирал кај професорот Слободан Унковски.