МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Приведено лице во гостиварско за подметнување пожар

Објавено на: 04.08.2021 во 19:43

Гостивар, 4 август 2021   Очигледно е дека проблемите со кои се соочуваа Македонија не го заобиколуваат нниту регионот Гостивар. Полицијата открила едно лице за кое постои сомнеж дека подметнало пожар на територијата на соседната општина Врапчиште.

Според СВР Тетово, денеска (04.08.2021) во 15.10 часот од страна на полициски службеници од Полициско одделение Галате лишен од слобода е Л.А. (32) од Р.Албанија. Тој, илегално престојувал во државата, а бил приведен поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране. Л.А. е задржан за понатамошна постапка.

Од МВР апелираат строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.