МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Раскопан гроб во долнореканското село Требиште

Објавено на: 11.05.2021 во 15:22

Гостивар, 11 мај 2021   Непознати сторители минатата недела оштетиле гроб што се наоѓа во дворот на црквата во селото Требиште, општина Маврово Ростуше. Не се познати мотивите за ваквиот чин и колква штета е причинета.

Од СВР Тетово информираат дека вчера бил пријавен случајот. Од првичните сознанија, во периодот помеѓу втори и деветти мај годинава засега непознати сторители извршиле сквернавање на гроб во дворот на црквата „Свети Ахил Лерински“. По пријавата, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се работи на расчистување на настанот, а целиот случај е документиран, посочуваат од СВР Тетово. згм