МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Се одржа првиот меморијален турнир „д-р Трајче Нешковски„

Објавено на: 14.11.2021 во 16:08

Гостивар, 14 ноември 2021   Со прогласувањето на најдобрите во натпреварите во мал фудбал, заврши првиот меморијален турнир „Д-р Трајче Нешковски“.

Победник на турнирот и освојувач на првото место е екипата „ЕБР“ која беше подобра од другиот финалист, екипата „СДММ“. Признанијата и благодарниците во спортската сала „Младост“ ги додели директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски.

Во натпреварувачкиот дел настапија вкупно осум екипи: „Мара Угринова“, „Малеарди“, „УМСМ ВМРО-ДПМНЕ Гостивар“, „Охрид“, „Куманово“, „ЕБР“ и „СДММ“

Меморијалниот турнир во мал фудбал, се организира во чест на д-р Трајче Нешковски чиј живот згасна прерано. Покрај неговото семејството, пријатели, колеги, гостиварци на турнирот присуствуваа и негови сограѓани, за да потсетат на неговото дело и да му оддадат почит како на човек и лекар.

Трајче Нешковски, е роден на 31.07.1988 во Гостивар. Специјализираше интерна медицина (пулмологија) и до последниот ден раководеше со ковид-единицата во детската болница Козле. Трајче беше истакнат член на СДСМ и генерален секретар на СДММ. Почина на 14 октомври 2020 година во Скопје.