МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА

Radio G

Gostivar

Службите за зимско одржување на патитшата и полицијата договорија активности за одвивање на сообраќајот во зимскиот период

Објавено на: 08.11.2021 во 15:05

Гостивар, 8 ноември 2021 (МИА) Претставници на СВР Тетово локалните самоуправи и претпријатијата задолжени за зимско одржување на патиштата ги утврдија обврските за претстојната зимска сезона. Станува збор за планирани превентивни и други активности за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови.

Од СВР Тетово информираа дека оствариле средби со претставници на локални самоуправи на подрачјето, претпријатија и фирми кои во текот на претстојната зима ќе бидат задолжени за одржување на патиштата и тротоарите и ги запознаа со нивните обврски.

– На состаноците посебно им беше укажано на законските импликации за нередовно и неквалитетно отстранување на снегот од патиштата, велат од СВР Тетово.

Отаму испратија и апел до возачите со потсетување на обврската која стапува на сила од идната недела, односно возачите дека за една недела, односно од 15-ти овој месец задолжително е поседување и носење на зимска опрема.

-Во овој период, согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај, возачите ќе треба да поседуваат синџири за снег, соодветни за димензиите на пневматиците на возилото или адекватни зимски пневматици, наведуваат од СВР Тетово.

Оние кои без зимска опрема ќе тргнат на пат ќе се соочат глоба од 45 евра во денарска противвредност и ќе бидат исклучени од сообраќај, особено ако се отежнати условите за движење на возилата.

згм